Опис на производот
Termosil N6 sanitar е еднокомпонентна трајноеластична силиконска заптивна маса, изработена на неутрална основа. Се стврднува под влијание на влагата од воздухот. Подесен е за заптивање на фуги во влажни простории.
- oдлична адхезија за повеќето градежни материјали без преднамаз
- oтпорен е на различни временски услови, дожд, снег, екстремни температури
- УВ постојан
- трајно пренесува 25% дилатација
- не предизвикува корозија
- отпорен на хемикалии
- добри механички својства
- погоден за заптивање во вертикални фуги
|
Oбласт на примена
- Заптивање на фуги меѓу разните материјали во влажни простории: купатила, туш кабини, кујни, болници, училишта, ресторани.
- Заптивање на спојките со различни материјали како што се: стакло, дрво, бетон, цигла, камен, керамика, челик, алуминиум, повеќето пластики.
- Заптивање на поликарбонатни стакла.
|
Пакување
Складирање
15 месеци во сув и ладен простор, во оригинално затворена амбалажа.