Опис на производот
Termosil N6 е еднокомпонентна трајноеластична силиконска заптивна маса, изработена на неутрална основа. Се стврднува под влијание на влагата од воздухот.
- oдлична адхезија за повеќето материјали без преднамаз
- во повеќе бои (види ја картата за бои)
- oтпорен е на различни временски услови, дожд, снег, екстремни температури
- УВ постојан
- трајно пренесува 25% дилатација
- не предизвикува корозија
- отпорен на хемикалии
- добри механички својства
- погоден за заптивање во вертикални фуги
|
Oбласт на примена
- Вградување на стакла во дрвени, алуминиумски или ПВЦ рамки.
- Дилатациони фуги во градежништвото.
- Заптивање на спојките со различни материјали како што се: стакло, дрво, бетон, цигла, камен, керамика, челик, алуминиум, повеќето пластики.
- Заптивање на поликарбонатни стакла.
|
Пакувањe
- картуши (280 ml)
- Al цревa (600 ml)
|
Складирање
15 месеци во сув и ладен простор, во оригинално затворена амбалажа.