MK
Show menu

Termosil K11 sanitar

Опис на производот

Termosil K11 sanitar ацетат е еднокомпонентна трајноеластична силиконска заптивна маса, изработена на ацетатна основа. Се стврднува под влијание на влагата од воздухот. До целосно стврднување, односно вулканизација, од масата излегува пареа од оцетна киселина. Масата е одлична за заптивање на стакла, керамика и алуминиум во влажни простории.

  • содржи додаток кој спречува создавање на мувла на силиконот
  • oдлично се прилепува за стакло, алуминиум, профилирано стакло, керамика и мазни површини
  • oтпорна е на различни временски услови, дожд, снег, екстремни температури
  • oтпорна е на широк спектар на хемикалии
  • УВ постојана
  • трајно поднесува до20% дилатација
  • има долг рок на складирање
  • добри механички својства
  • погодна за заптивање во вертикални фуги

Oбласт на примена

Заптивање на фуги во санитарни простории и во други влажни простории.

Заптивање на спојки помеѓу керамика, стакло, алуминиум.

Не е погодна за заптивање на поцинкуван лим.


Пакување

  • картуши (280 ml)

Складирање

18 месеци во сув и ладен простор, во оригинално затворена амбалажа.