MK
Show menu

Termosil K1 sanitar

Опис на производот

Termosil санитар ацетат е еднокомпонентна трајноеластична силиконска заптивна маса, направена на ацетатна основа. Се стврднува под влијание на влагата од воздухот. До целосното стврднување односно вулканизација од масата излегува пареа од оцетна киселина. Масата е одлична за заптивање на стакло, керамика и алуминиум во влажни простории.

  • содржи додаток кој спречува создавање на мувла на силиконот
  • одлична адхезија на стакло, алуминиум, профилирано стакло, керамика и мазни површини 
  • oтпорен е на различни временски услови, дожд, снег, екстремни температури 
  • УВ постојан
  • трајно пренесува 25% дилатација
  • отпорен на хемикалии
  • добри механички својства
  • погоден за заптивање во вертикални фуги

Oбласт на примена

  • Заптивање на фуги во санитарните простории и во другите влажни простории.
  • Заптивање на спојки меѓу керамика, стакло, алуминиум.
  • Не е погоден за заптивање на поцинкуван лим.

Пакување

  • картуши (280 ml)

Складирање

18 месеци во сув и ладен простор, во оригинално затворена амбалажа.