MK
Show menu

Termokril parquet

Oпис на производот

Termokril паркет е еднокомпонентна еластопластична заптивна маса, изработена на акрилатна основа. Се стврднува со испарување на водата од масата. Се користи за пополнување и заптивање на фуги кои се создаваат во паркетот, бродскиот под и на други материјали. 

  • добра адхезија на порозни материјали
  • употреблив за вертикални фуги
  • поднесува дилатација до 10%
  • може да се бруси
  • може да се фарба
  • не содржи растворувачи
  • висока конечна тврдост
  • oтпорен е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење
  • едноставно чистење со вода
  • по стврднувањето станува отпорен на вода 
  • пријатен е за околината
  • боја: даб

Oбласт на примена

  • Завршни работи во паркетарството. Пополнување и заптивање на фуги создадени меѓу паркетот и другите материјали. Погоден е и за ламинат, дрвени подови и плута.
  • Заптивање на фуги меѓу паркетот и летвичките или ѕидот, меѓу летвичките во аглите, меѓу паркетот и рамките за вратите, за просторот меѓу цевките за греење и паркетот, за помали пукнатини во паркетот.

Пакување

  • картуши (280 ml)

Складирањe

24 месеци во сува просторија на температура меѓу 10°C и 30°C, во оригинално затворена амбалажа.