MK
Show menu

Termokril flex

Oпис на производот

Termokril flex е високо флексибилна пластично-еластична заптивна маса на база на модификувана акрилна дисперзија. Поднесува дилатации до 20%. 

  • висока еластичност и постојаност
  • отпорност на мувла
  • одлични механички својства
  • oдлично се прилепува на порозни материјали и на некои непорозни материјали, како што се стакло, различни видови на метал итн.
  • не содржи испарливи органски компоненти (VOC free)
  • едноставно нанесување
  • во вертикалните фуги не се лизга
  • може да се користи за заптивање на влажни површини
  • комплетно стврднатата маса станува нечувствителна на вода
  • може да се бои по стврднувањето
  •  oтпорна е на различни атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење
  • не содржи растворувачи
  • едноставно чистење со вода 

Oбласт на примена

Погодна е за заптивање на различни материјали – бетон, дрво, гипс, керамички плочки, гипсени плочи, стакло, алуминиум, метал, PVC итн. Погодна е за употреба во различни области:

  • различни индустриски апликации како во областа на градежништвото каде се бара долготрајно и еластично заптивање
  • заптивање на спојките помеѓу прозорските рамки и врати
  • заптивање на спојките помеѓу гипсени плочи и бетонски елементи
  • различни заптивања во купатила
  • заптивање на спојките помеѓу завршните летвички и малтерот
  • заптивање на системите за вентилација и клима уредите
  • заптивање на напукнувања и пукнатини под варта

Пакување

  • картуши (280 ml)

Складирањe

18 месеци на суво место, на температура помеѓу 5°Cи 25°C, во оригинално затворена амбалажа.