MK
Show menu

Termopur Max 100 (монтажнa)

Oпис на производот

Termopur Max 100 PU пена е еднокомпонентна полиуретанска пена која се стврднува со помош на влагата од воздухот.

Termopur Max 100 PU пена рачна дава добра звучна и топлинска изолација. Има добра адхезија на сите градежни материјали како што се дрво, бетон, плинобетон, цигла, метал, алуминиум, но не се прилепува на полиетилен, силикон и тефлон.

Oбласт на примена

Се користи во градежништвото за заптивање, исполнување, изолација, монтажа и вградување (врати, прозорци, ролетни), во изработка на чамци, приколки ...

Пакувањe

  • аеросол дози (750 ml)

Складирање

12 месеци (oд +10°C дo +20°C)
Високите температури го скратуваат времето на употреба.
Дозите треба да се чуваат во исправена положба.