Oпис на производот
Termo Средството за израмнување е воден раствор кој се употребува за израмнување на заптивните маси.
- воден раствор со површински активни супстанци
- се раствара во вода
- одржува блескав изглед на заптивната маса
- бојата на заптивната маса останува иста
|
Oбласт на примена
Наменето е за израмнување на површината на заптивната маса при нанесување на заптивни маси: силиконски, полиуретански и заптивни маси на бази МС полимери.
Пакувањe
- пластично шише со распрскувач (500 ml)
|
Складирање
5 години во суви и проветрени простории на собна температура и во оригинално пакување.